Македонија се гуши во магла, сонце дури попладне

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во поголемиот дел од земјава има појава на магла и ниска облачност, а само на повисоките места во западните делови е сончево со мала до умерена облачност. Видливоста е најмала во Пелагонија и Д.Капија, каде што изнесува 50 метри, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне на повеќе места ќе се задржи облачно и магливо, а сончеви периоди ќе има на повисоките места и планините. Околу пладне сончеви периоди ќе има и по котлините. Ќе биде и претежно тивко, само на места со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време и појава на магла во текот на ноќта и утринските часови. Максималната дневна температура ќе достигне 10 степени целзиусови.

И утре ќе се задржи стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Во вечерните часови, како и во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат.

Во недела повторно ќе биде претежно суво, а нови врнежи ќе има во понеделник, кога нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.