Кумановската болница се поднови со нов апарат за операција на катаракта (фото)

Сподели со своите пријатели

Со сопствени средства ЈЗУ Општа Болница Куманово го опреми очното одделение со нов современ апарат за операција на катаракта (очно перде).

 

Loading...

 

– Со стариот апарат не бевме во можност да ги оперираме сите оние коиимаа потреба од ваква операција. Со новиот апарат и додатно ангажирање на стеучен кадар, се надеваме дека во новата година сите наши пациенти ќе бидат задоволни од нашата услуга, вели Снежана Захариева, директор на кумановската болница.

 

 

Претходно болницата одвои 1,5 милиони денари, сопствени средства за набавка на десет нови апарати за физикална терапија, со кои пациентите ќе ја добијат потребната електротерапија на еден апарат, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. Апаратите веќе се ставени во функција, така што пациентите нема да имаат потреба да одат од една во друга просторија на одделението за физикална терапија.