Куманово претрпе пораз од МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово го запишаа својот шестти пораз во домашниот шампионат откако на гостински терен беа совладани од составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 87:74.

Сите четвтрини завршија во корист за домаќинот иако кумановци се трудеа да изненадат и да се реваншираат за победата која ја претрпеа во првиот дел од сезоната пред своја публика. Меѓутоа залудно.

Аеродромци со минимална предност го отворија натпреварот, па во втората четвртина направија предност од 51:41, а во второто полувреме пред крајот на третиот период избраниците на Александар Петровиќ имаа 18 поени негатива.

Завршницата беше рутинска, затоа што големата предност тешко се стигаше.

Во тимот на Куманово со 18 поени брилираше Бобан Стајиќ, додека по 15 имаат Мирко Ковач и Адем Мекиќ.

Во 17 коло, закажано за 3. март КК Куманово гостува кај Фени Индустри во Кавадарци.

фото: архива

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Leave a Reply