Кумановец пронајден починат на тротоар

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и четиригодишен кумановец С.И. денес на пладне бил пронајден починат на тротоар на улицата „ЈНА“ во Куманово, информираат од СВР Куманово.

Случајот во полиција го пријавил лекар од Итната медицинска помош кој констатирал смрт на лице место. Според првичните информации С.И. со лекарска книшка тргнал на лекар за да му препише лекови, но по пат паднал, по што некој од околните дуќани повикал Брза помош.

Семејството тврди дека истиот се лизнал на мразот на тротоарот и починал, а како што информираат од СВР Куманово истиот починал од природна смрт поради откажување на срцето и виталните органи.