12.02.2018 04:27

Какви се целите на САД со рекордниот буџет на Пентагон од 700 милијарди долари?

loading...

Благодарение на новиот буџет од 700 милијарди долари, американската војска ќе може да плати илјадници дополнителни војници, повеќе обуки и бродови и многу други работи.

Буџетот на Пентагон од 700 милијарди долари е најголем во историјата

Буџетот на американското Министерство за одбрана за 2019. година ќе изнесува 716 милијарди долари, што ќе обезбеди финансиска стабилност која ја бараше министерот за одбрана на САД Џим Матис.

Според неговите зборови, тоа ќе биде доволно за подобрување на подготвеноста на војската во време на обновување на фокусот на конфликтот во Авганистан и на заканите со војна на Корејскиот полуостров.

Секој американски министер за одбрана од 2011. година, кога Конгресот на САД го усвои законот за стрикно ограничување на потрошувачката на војската, се жалеше дека војската е под голем притисок поради недоволен буџет, бидејќи опремата застарува, а војниците немале доволно обуки.

Трамп одлучи да направи пресврт, иако САД денес имаат далеку помалку војници во Ирак за разлика од пред 10 години и скоро 15.000 војници во Авганистан, каде во 2011. година имало 100.000.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments