Буџетот на Пентагон од 700 милијарди долари е најголем во историјата

Сподели со своите пријатели

Новиот буџет на Пентагон е најголем досега и изнесува 700 милијарди долари што значи дека Соединетите Американски Држави многу повеќе ќе трошат на одбрана во споредба со главните конкуренти, Русија и Кина.

Буџетот на САД, кој американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во петок, предвидува големо зголемување за војската.

Пентагон во буџетската 2018 година ќе има на располагање 94 милијарди долари повеќе од претходната, што е скок за 15,5 осто, наведува АП.

Тоа е најголемо зголемување во однос на претходната година од 2003. година, кога буџетот на пентагон беше зголемен за 26,6 отсто, во време на војна со Авганистан, инвазија врз Ирак и ширење на системот за национална одбрана по нападот од 11 септември 2001. година.

Од 700 милијарди долари предвидени за одбраната во буџетската 2018. година која започна на 1. 0ктомври, скоро 629 милијарди се наменети за основните активности на Пентагон, додека 71 милијарда е предвидена за војните во Авганистан и другите делови од светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Leave a Reply