Губат и најдобрите: Прв пораз за КК Куманово во БИБЛ лигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вчеравечер го забележаа првиот пораз во рамките на БИБЛ лигата откако на гостински терен беа совладани од екипата на актуелниот шампион Сигал Приштина со резултат 79:67.

Во првите три четвртини составот на Србиновски одржуваше резултатска рамнотежа, но сепак послдните 10 минути беа пресудни домаќините да извојуваат победа.

Приот дел од средбата заврши со резултатска предност за Сигал Приштина со резултат 39:34, а веќе последната четвртина беше погудбна кога сино-белите изгубија концентрација во последните минути од натпреварот и по шестиот одигран натпревар го забележаа првиот пораз.

Најдобри во гостинскиот состав беа Јанески со 14 реализирани поени, а по 12 запишаа Данило Мијатовиќ и Милорад Пековиќ.

Дојдовме со голема амбиција да победиме еден многу добар тим како што е Сигал Приштина,. Но, не ги следевме инструкциите на тренерот и затоа одигравме многу лошо. Тоа е причината за нашиот пораз. Претрпевме пад во последните пет минути. Како и да е, верувам дека ќе успееме да влеземе во втората фаза од оваа трка – рече Милорад Пековиќ по натпреварот.

Во гостинскиот состав најдобар беше „поранешниот кумановец“ Бојан Трајковски со 14 поени.

И покрај загубениот меч, избраниците на тренерот Србиновски се наоѓаат на врвот на табелата во А групата со вкупно 11 поени, оставајќи го зад себе како второпласиран составот на Теодо со 8 бода.

Следниот натпревар во рамките на Балканското првенство, кумановци го играа во вторник кога на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Башкими од Косово, а веќе утре со почеток во 19 часот го пречекуваат Пелистер во рамките на домашното првенство.

 

Loading...