ФЗЦ ”11 Октомври” од фабрика пред пропаст до златна кокошка

ФЗЦ ”11 Октомври” од фабрика пред пропаст до златна кокошка


Фабриката за заварени цевки и профили неодамна доби нови сопственици, а со тоа и проценка дека кумановската фабрика од ”загубар” ќе прерасне во ”златна кокошка”, откако новите сопственици изразиле интерес да ги откупат сите преостанати акции и целосно да учествуваат во изградбата на новиот гасовод во Клечовце.

Веста за понудата прв ја пренесе порталот Фактор, повикувајќи се на интервју со сопствениците на ”Квалитет Пром” – фирма сестра на познатата кумановска компанија Детоил која на 24 март го купи мнозинскиот удел во ФЗЦ ”11 Октомври”, чија основна дејност е трговија со градежни материјали и изградба на станбен простор. Приватната компанија ”Квалитет пром”, минатата година во април стана и сопственик на над 5% акции и во кумановската ”Агрокуманово А.Д”.

 Информацијата за изразен интерес за целосна контрола над фабриката за цевки е доставена до Македонска берза. Новите сопственици сега ќе чекаат одобрување за превземање од надлежните институции.

fzc11okt2

Според јавно објавениот документ, новите сопственици се спремни да понудат цена од 550 денари по акција до сите акционери на „ФЗЦ 11 Октормври“, откако минатата недела,  сопствениците на „Квалитет пром“, за 2 милиони евра купија мнозински удел во фабриката „ФЗЦ 11 Октомври“, т.е за откупени 234.158 обични акции што во оваа фабрика ги поседуваше Експорт Импорт банка во стечај, а кои беа купени по цена од 550 денари.

Превземањето на фабриката за цевки се случува во време кога оваа фабрика треба да работи на гасоводната деланица во Клечовце, проект вреден 75 милиони долари, а кој се гради во најголем дел со пари од клириншкиот долг, од кои 15 милиони долари се буџетски пари.

Но, сопствениците на „Квалитет пром“, сега и мнозински газди на „ФЗЦ 11 Октомрви“, за Фактор велат дека тоа што ја превземаат фабриката за цевки  нема никаква врска со изградбата на гасоводот, и дека тука учеството на фабриката за цевки во овој проект нема да биде значително.

Руските изведувачи за Фактор посочиле десетина фирми од Македонија со кои ќе соработуваат. Една од нив е ФЗЦ “11 Октомври“, односно сега преку неа „Квалитет пром“, кои се нови газди, како и ”Рапид Билд“, фирма повторно поврзана со „Квалитет пром“, од причина што се работи за исти сопственици.

Со еден збор, фирмата „Квалитет пром“ сега преку ФЗЦ “11 Октомври“ и преку ”Рапид Билд“, ќе учествува во изградбата на гасоводната делница во Куманово, пишува Фактор.

Руските фирми пак, сами одлучуваат со кои фирми од Македонија ќе имаат соработка и ќе ги вклучат во проектот гасоводна делница.


Последни наслови

Facebook Comments