Евроамбасадорот Самуел Жбогар во работна посета на Општина Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар денеска е во протоколарна и работна посета на Општина Куманово.

Претпладне тој беше во посета на градоначалникот Зоран Дамјановски каде разговарале на повеќе теми важни за локалната самоуправа и соработката која Општина Куманово ја има со ЕУ.

Ја гледам мојата мисија не само како мисија за справување со политички проблеми, со политички прашања што се сконцентрирани само во Скопје, туку планирам исто така да излезам андвор од Скопје, да посетувам Општини затоа што граѓаните на Општините не живеат во министерствата, туку живеат во самите општини и токму таму во општините се вистинските проблеми кои ги засегаат самите граѓани, а се поврзани со водоснабдувањето, канализациониот систем, образованието, економските проблеми и ред други прашања со кои се соочуваат самите општините, така да како што веќе спомна градоначалникот на Куманово имавме добра дискусија со него, научив многу прашања кои го засегаат Куманово како општина – изјави Самуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ.

Loading...

 

Како што потенцираше амбасадорот, на средбата бил запознаен и со процесот на децентрализацијата, економските проблеми на граѓаните во општината и потешкотиите кои ги минале граѓаните на Куманово во текот на изминатите години.

Вториот работен дел е посета на дневниот центар за деца со псоебни потреби кај Чи детската градинка и отварање на еден од најголемите проекти кои Куманово ги има добиено во последнит е10 години тоа е ИПА проектот за санација, зиградба и рехабилитација на канализационата мрежа во должина од 25.700 метри, проект тежок 4 милиони и 580 илјади евра, нешто што Куманово го нема добиено во последната декада. Јас во име на граѓаните на Куманово и во мое лично име се заблагодарив на европската канцеларија за поддршката на Куманово и се она што рпават да ги детектираат и погледнат локалните проблеми. Разговаравме за други сегменти, за развојот на еокномијата, за миграцијата, за перспективата на младите чуѓе и образованието, она што е главна тема од локален карактер и мислам дека најдовме многу заедничкис тавови во однос на излезот и перспективите на Општина Куманово – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Инаку, евроамбасадорот Жбогар по средбата со Дамјанвски ќе оствари посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби, а потоа ќе присуствува и на промовирањето на ИПА проектот за реконструкција и изградба на канализациона мрежа во градот.