Едно гласачко место во Куманово отворено со задоцнување

Сподели со своите пријатели

Со задоцнување од 15 минути било отворено гласачкото место 1036 во Општина Куманово, според мониторингот на граѓанската асоцијација МОСТ, како и едно гласачко место во Велес со задоцнување од 30 минути, проади прекин на електрична енергија.

Според МОСТ регистрирани биле и други неправилности, како што е фотографирање на гласачко ливче со мобилен телефон и тоа на гласачко место во Радовиш и Ѓорче Петров. За разлика од Радовиш каде избирачкиот одбро не реагирал, во Ѓорче Петров била повика полицијата.

МОСТ ќе пдоролжи да ги следи целокупните изборни дејствија во текот на денот, а граѓаните непрвилности и повреда на гласачко право можат да пријават на нивната бесплатна телефонска линија 080 080 080 до 19 часот кога и ќе бидат затворени избирачките места.

 

Loading...