Двајца кумановци и чувар на Шумско стопанство осомничени за пустошење шума

loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.К.(38) и З.А.(58) двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно продолжено кривично дело „пустошење шума“ и С.М.(59) од село Степанце, чувар во ЈП„Македонски Шуми“- Шумско стопанство „Куманово“ поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“.

Во 2016 година прво и второпријавените постапиле спротивно на Одобренијата за сеча издадени од ЈП„Македонски Шуми“-ПШС„Куманово“, по што од катастарски парцели на КО Цветишница сопственост на второпријавениот и неговиот брат В.А., бесправно исекле и извршиле превоз до крајни купувачи на 140,40 м³ дрво и дрвни сортименти, повеќе од дозволените со горните одобренија, а при сечата уништиле уште 41 садник бел габер постари од пет години со што се стекнале со противправна имотна корист од 982.800 денари.

Првопријавениот за да изврши сеча ангажирал багер и спротивно на законските прописи изградил шумско камионски пристапен пат кој поминувал низ катастерски парцели парцели на КО Цветишница, сопственост на 11 лица, при што зафатил површина од 1.102 м², а искорнал 11 млади садници бука и извршил копачење на 23 стебла букова шума во количина од 51,13 м³, со што нанел штета на имотот на лицата од 357.910 денари.

Во периодот од 22.07 до 03.09.2016 година, третопријавениот распореден на работа во ШСЕ „Козјак“, во четири наврати извршил контрола на м.в. „Бел Камен“ и „Здравец“ атар на с.Цветишница, при што иако забележал дека од прво и второпријавените се врши бесправна сеча, ја злоупотребил својата службена должност и овластување, со тоа што не извршил пребројување на бесправно исечените и ископачени стебла, не ги евидентирал во книга, не извршил означување на направената шумска штета со втиснување на жиг, ниту пак случајот го пријавил на друг надлежен орган, туку само општо и произволно запишал во шумочуварскиот дневник дека забележал бесправна сеча. На овој начин овозможил пријавените да ја превезат бесправно исечената дрвна маса, со што оштетиле 11 лица за 1.340.710 денари.


Последни наслови

Facebook Comments