Дознав дека мојот маж има уште една законска сопруга

Сподели со своите пријатели

Девојка побарала совет на порталот „The Sun“, поточно од нивната колумнистка Дидри, затоа што нејзиниот сопруг има уште една законска жена. Вели дека не може да го остави.

Ова е нејзината приказна:

– Мојот сопруг има две жени. Се омажив за него затоа што не можев да ја поднесам помислата да го оставам, но тоа делуваше многу лошо на моите емоции. Имам 29 години, а бевме во врска две години пред да дознам дека има жена и син. Двајцата сме од Индија, но живееме во Велика Британија.  Кога отворено поразговарав со него за таа жена, само заплака. Му реков дека видов мејл означен како „Господин и госпоѓа“ и така открив се, вели девојката во својата потресна исповест.

Девојката го изневерувала па тој реши јавно да ја посрамоти (видео)

Loading...

Вели дека нејзиниот сопруг плачел кога сето тоа се открило и прознал дека во Индија влегол во договорен брак, но ја уверувал дека никогаш не ја сакал таа жена.

– Ми рече дека ме сака, а потоа ме запроси. Прифатив затоа што сакав да го земам неговото презиме. Се венчавме пред шест месеци, на своето семејство реков дека бргу сме имале цивилна венчавка. Моите родители беа скршени. Сопругот ми рече дека не сака мене и нашиот брак да ги споменува на првата жена, но тоа ме мачи. Не сакам да бидам неговата грешна тајна, додава таа.

Ја изневерил, па му се одмаздила таму каде најмногу го боли (фото)

Советот кој го добила:

Никогаш нема да бидете среќни во тоа предворје на пеколот. Вашиот сопруг можеби не ја сака таа жена, но мала е веројатноста дека тој брак ќе се поништи. Тоа би го направило бигамист, а вашиот брак поништен.