До крајот на август претежно сончево со свежи утра

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утрото ќе биде свежо со минимални температури од 4 до 14, а преку денот температурата ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 28 степени целзиусови.

До крајот на месецов ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината.