Димитриевски: Одговорните да спроведат уредна и легитимна истрага (видео)

Сподели со своите пријатели

На семејна веселба утринава 1 часот по полноќ бил физички нападнат пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски, како што вели од група видно алкохолизирани лица. Имаше дофрлувања на политичка основа и класични провокации се до моментот на физички напад, рече пратеникот од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски кој вчера беше нападнат во еден кумановски ресторан од страна на засега непознати лица за јавноста.

Димитриевски апелира до најодговорните во државата, оние кои што се вистинските професионалци да спроведат уредна и легитимна истрага и час поскоро да го расчистат случајот бидејќи, како што кажа, она што вчера се случи веројатно се случува на многу места, но луѓето молчат.

Добив неколку неофицијални информации дека дел од напаѓачите се припадници од Министерството за внатрешни работи. Поставувам прашање до одговорните дали лицата кои што вчера извршија физички напад на нас согласно постапката веднаш им е направен алкотест на истите и дали се спроведени во полиција да им биде земен уредно исказ. На самиот настан имаме поголем број на присутни гости на видно место обележано за организирање на приватна семејна забава, се случи класичен упад од страна на насилниците. Апелирам до органите да го расчистат случајот што поскоро, рече Димитриевски.

Loading...

 

Меѓутоа во меѓувреме со соопштение излезе СВР Куманово во кое стои дека случајот бил пријавен, но поднесок е најавен против пратеникот Димитриевски затоа што како што пишува тој ја започнал тепачката и на гостин во ресторанот му нанел телесни повреди.