Денес температури до 33 степени, од сабота во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден се очекува стабилно, суво и релативно топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температурата ќе се спушни од 7 до 16, а највисоката дневна преку денот ќе достигне од 26 до 33.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со минимални услови за локализиран дожд и грмежи, според податоците на сајтот accuweather. Највисоката дневна температура ќе достигне 28 степени, но во текот на ноќта истата ќе се спушти на 11 степени целзиусови.

Стабилно и потопло ќе биде в и петок, а за време на викендот во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, претежно врнежите ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Но и температурата на воздухот ќе биде во опаѓање.