Благо покачување на утринските и дневните температури

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладува ведро и многу студено време, особено во источните делови и по котлините. Во Битола е многу студено со магла и ниска облачност, а во останатите котлини има слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места и планините.

Како шо информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Претпладне со појава на магла во котлините.  Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -2 до 6 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 3 степени. Во ноќните часови температурата повторно ќе биде длабоко под нулата и ќе се движи околу -7 степени целзиусови.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладнеќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во понеделник претпладнето.

Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а и дневните ќе имаат тенденција на благ пораст.