БИБЛ: КК Куманово поразен и од Тирана

loading...

Кошаркарите на Куманово забележаа трет пораз во рамките на четвртото коло од БИБЛ лигата каде на гостински терен беа совладани од составот на КК Тирана со резултат 75:73.

Првата четвртина од средбата мина во изедначена игра и на домаќините и на гостите, што го покажува и резултатот 17:16, односно негатива од само еден поен за избраниците на Александар Петровиќ. Втората четвртина од средбата беше катастрофална. Само 14 поени уфрлија кошаркарите на Куманово, додека цврстата одбрана на Тирана ги доведе до резултатска предност од 41:30 на полувреме.

Ништо поразлично не се счули на паркетот ниту на стартот на второто полувреме. Доминацијата на Тирана продолжи и во третата четвртина која заврши со неверојатни +19 за домашниот состав, односно кумановци во последните 10 минути од средбата влегоа со резултат негатива од 56:37.

Последната четвртина кумановци покажаа дека сакаат победа, а домашниот состав мислеше дека победата е тука. Сепак кумановци ја стопија целата негатива од 19 поени, па на 15 секунди пред звукот на сирената израмнија на 75:75. Албанските кошаркари со две слободни фрлања запишаа победа, а КК Куманово нов пораз, трет по ред.

Со 23 поени фантастична игра во составот на Куманово прикажа Никола Караколев, додека во составот на Тирана со 20 најефикасен беше Хисанаголи.

Следниот меч во БИБЛ лигата, КК Куманово го игра на домашен терен против бугарскиот Рилски следната недела, додека во домашниот шампионат во петок со почеток во 17:30 го пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром, а останува прашалник кога ќе се одигра натпреварот против Фени индустри, кој засега е закажан за сабота.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments