Арсиќ: Збунувачко е толкувањето на Инспекторатот за локална самоуправа (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ ги оценува како збунувачки денешните одлуки на Инспекторатот за локална самоуправа да ги поништи одлуките на советите на општините донесени по 24ти април, потенцирајќи дека на тој датум биле зиборите во 2013 година и на тој датум годинава им се истечени мандатите.

Сепак, Арсиќ потенцира дека на 17ти март добиле допис од Министерството за локална самоуправа, а по препорака на Министерството за правда дека своите функции можат да ги извршуваат заклучно со крајот на првата половина од мај.

На 17ти март овдека имаме една информација која ја имаме добиено од Министерството за локална самоуправа кое е барање до Министерството за правда да се произнесат до кога траат мандатите на своетите и тука под реден број 23 од 15.03.2017 година во однос на конкретното прашање  како надлежно министерство за вршење за работите кои се однесуваат за изборниот систем, а со цел затита на правото на граѓаните на локалната самоуправа преку обезбедување на континуирано вршење на локалната власт како една од главните основи на секое демократско уредување ве известуваме дека согласно мислењето постојните членови на советите на општините и градоначалниците може да ги извршуваат своите со закон утврдени надлежности до завршување на рокот определен од членот 16 од изборниот законик односно до крајот на првата половина на месец мај – рече Арсиќ.

Loading...

Според Арсиќ нелогичности има во толкувањата на инспекторатот со оглед дека изборите за градоначалници и советници според избирачкиот законик се одржуваат заедно.

Советот се бира еднаш, значи ако било на 24 март немаме два круга меѓутоа градоначалниците може да имаат и два и три круга, што значи дека секогаш мора да бидат изборите заедно со изборите кога се со советниците бидејќи членот кој вели во изборниот законик бидејќи членот кој вели чл 16 изборите за членови на совет се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини во првата половина во мај, што значи дека не можеме да толкуваме дека можеме да имаме едни мандати до тогаш, а на градоначалниците до крајот на годината бидејќи никако така не пишува. Уште една работа која е многу симптоматична, збунувачка и нерелавнатна е дека градоначалниците извршваат техничка функција и во никој случај не смее да прекине функционирањето на општината, а во случај да не ги извршуваат законските обврски, што значи не може технички да се функционира, а законските обврски предвидуваат нешто друго, ќе бидат соочени со законски санкции што значи дека овие работи кои денеска ги слушнавме од инспекторатот се збунувачки – изјави Арсиќ.

Тој вели дека најверојатно ваквата одлука е последица на лошата комуникација на инспекторатот кој е под надлежност на самото Министерство за локална самоуправа.

Инаку со реакција попладнево се јавија и од ресорното министерство од каде велат дека инспекторатот не треба да се меша во толкувањето на законот.

Како и да е, многу важни одлуки донесени на трите редовни и една вонредна седница на Советот на Општина Куманово од денеска не важат.