4,3 милиони евра за изградба и реконструција на канализација во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 4,3 милиони евра ќе чини проектот за канализација на 12% од целокупната канализациона мрежа во градот, а денеска истиот беше промовиран од страна на вицепремиерот за европски прашања Арер Адеми, министерот за животна средина Башкими Амети, Абмбасадорот на Европска унија за Македонија Самуел Жбогер и градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”424″]

 

Како што истакна Дамјановски ова е еден позначајните проекти во локалната самоуправа во последната декада, по проектот од пред 15 години кога со помош на пари од ЕУ беше изградена прочестителната станица.

Проектот беше во висина од 20 милиони евра и даде голем допринос во сферат ана водоснабдувањето, канализациониот систем и екологијата. Ожеби тоа беше единствениот и прв систем од ваков вид во РМ. После тоа имавме период кога се соочивме со многу негативности во однос на конектирање на целата канализациона мрежа, после упорна работа со канцеларијата на ЕУ, со министерството за животна средина со ЈП „Водовод“ и Сектор за комунални дејности успеавме после двегодишна работа да изработиме студија да партиципираме во ИПА и да добиеме ваков проект од фундаментално значење кој го рехабилитира, изградува системот за одводнување на некаде 12% од вкупната канализациона мрежа.. Тоа е нешто што Куманово го бара и е потребно за зачувување на животната средина што е топ приоритет на европската заедница. Во моментот од неколку стратешки правци животната средина е топ приоритет на Европската заедница.Куманово после ова ќе започне со изградба на патната инфраструктура и ќе дојдеме до едно помодерно, урбано и просперитетно Куманово – вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Со проектот се предвидува реконструкција на постоечките канализациони траси во канализационата мрежа, конструкција на нови траси за зајакнување на постоечката мрежа, конструкција на траси за рехабилитазција на дефекти во инфраструктура и враќање на патиштата во првобитната состојба.

Европската унија за овој проект има доделено околу 3 милиони евра за подобрувањ ена општинската инфраструктура за собирање на отпадните води, околу 20 километри канализациона мрежа која во моментов во општина Куманово се наоѓа во многу тешка состојба ќе бидат рехабилитирани и на тој начин отпадните води ќе бидат на вистински начин третирани и веќе во постоечката пречистителна станица. Неколку нови домаќинства исто така ќе бидат приклучени кон каналзиационата мрежа. Оваа интервенција претставува приоритет во отсуство на вистински канализационен систем имајќи во предвид дека употребуваат септички контејнери. Понекогаш овие контејнери не соодејствуваат со хигиенските и санитарните барања. Токму поради оваа причина денешниот проект значително ќе ги подобри условите на животната средина, ќе ги намали ризиците во јавното здравство – рече Самуел Жбогар, Амбасадор на Европска Унија за Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=rI-b1YjC-8U&feature=youtu.be

 

Како што истакна министерот за животна средина, Башкими Амети, за Министерството водните ресурси претставуваат врвен приоритет.

Целта на проектот е да се подобрат условите на животната средина преку намалување на загадувањето и исполнување на критериумите дадени во Директивата на ЕУ за третман на урбани води која е транспортирана во Законот за води. Поконкретно со овој проект ќе се зголеми бројот на жители кои ќе се приклучуваат на канализациониот систем и на постоечката пречистителна станица и со тоа ќе се намали негативното влијание врз водните ресурси, природата и следствено врз здравјето на населенито – Башкими Амети , министер за животна средина.

Loading...

 

Имплементацијата на овие и други проекти, како што вели евроамбасадорот Жбогар налага целосно посветен став кој одблиску ќе ја мониторира и ќе обезбеди глатка имплементација на проектит.

Проширувањето на канализационата мрежа е многу важна за овој град и долгорочното решавање на проблемите со канализационата мрежа во оваа општина. Овој проект се реалзиира со европски пари, ИПА средства од износ од 4,3 милиони евра со кои ќе ес рехабилитира и прошпирува канализационата мрежа на градот. Преку ИПА 1 се реализирани различни проекти за животната средина во вредност од 70 милиони евра, тука сакам да ги потенцирам проектите кои се однесуваат на Куманово,  подготовка на акцуиона програма за општина Куманово во вредност од 11 милиони евра, водоснабдување и одводнување во населбата Бедиње од 0,5 милиони евра – вели Арбер Адеми, вицепремиер за европски прашња.

За животната средина и наскоро ЕУ ќе доделува финансиска помош за локалните самоуправи, а за периодот 2014-2020 веќе се оставени 170 милиони евра за вакви проекти.