Неколку интересни теории за неизбежниот процес на заборавање.
Постојат многу различни теории за заборавањето. Можеби забораваме затоа што отпрвин не сме го сместиле во сеќавање на вистински начин.Можно е и дека поради стареењето, врската помеѓу невроните, кои не се обновуваат, редовно пропаѓа и памтењето.
Постои и теорија во склад со која новите складирани сеќавања се поврзуваат со старите сеќавања, па дури и претпоставката дека сеќавањата всушност никогаш не се губат од памтењето, туку со времето ја губиме способноста да ги привикаме.
Некои научници се повикуваат и на појавата на „мотивирано заборавање„ , која се однесува на намерно бришење на несаканите сеќавања.
Се разбира, таа тема е посебно занимлива бидејќи постојат докази и за тоа дека несаканите настани и трауми е тешко да се заборават.
Од друга страна, би требало да се има на ум дека заборавањето не е воопшто лошо!
Кога би ја памтеле секоја, па и најмалата поединост во врска со светот кој не опкружува и секое искуство во текот на животот..брзо би го потрошиле сиот расположлив простор за складирање на тие податоци- пишува Забавник.