Зошто Венеција тоне? Еден од најубавите градови може да исчезне

Сподели со своите пријатели

Веќе беше споменато дека Венеција ќе биде под вода до 2100 година, а некои експерти сметаат дека тоне како последица на климатските промени

Loading...

Еден од најубавите градови во светот, сместен во лагуна на северот на Јадранското Море, изграден на 117 помали острови, е полн со романтични канали.

Посебен е токму поради тие водени улици, без кои е незамисливо.

 

 

Венеција тоне со брзина од еден или два милиметри годишно, а ако продолжи со тоа темпо во следните 20 години, ќе тоне околу осум сантиметри.

На потопувањето на градот влијае и движењето на тектонските плочи. Во текот на 20 век, Венеција потона околу 120 милиметри.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Село на лото милионери: Мештани се здружиле и освоиле 143 милиони евра

Според градската служба за следење на плимата и осеката, нивото на морето околу Венеција е за 10 сантиметри повисоко отколку пред 10 години.

 

 

Проблемот настанува поради тектонското слегнување на копното, како и покачувањето на нивото на морето поради климатските промени.

Комбинацијата на овие два фактори доведе до моменталната ситуација, а голем проблем направија и бродовите за крстарење на кои до неодамна им беше дозволено да се приближат премногу до градот.

Се преземаат низа мерки, кои треба да ѝ помогнат на Венеција да остане над вода, ако тоа не помогне, Венеција може да исчезне.

Од 16 јануари следната година за да влезете во Венеција ќе треба да купите билет, исто како кога одите во музеј.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонски милијардер избра кого ќе понесе со себе на патување до Месечината

 

 

На овој начин Венеција сака да се заштити од преголемиот број посетители, бидејќи тоа им оневозможува на самите туристи да имаат пријатна обиколка на градот, а жителите да имаат нормален секојдневен живот.