Измама во Германија: Маж живеел во хотел една година без да плати

Сподели со своите пријатели

Маж на средна возраст наводно живеел во хотел во Берлин повеќе од една година без да ја плати сметката.

Цената, која надминува 100.000 евра, според обвинителството, не е решена.

Обвинетиот однапред го планирал својот живот во хотелот. Сега се соочува со обвинение за измама, пренесува dpa.

Во април 2023 година, еден маж изнајмил соба во берлинскиот кварт Трептов-Кепеник за својата партнерка, две деца и за себе.

Потоа се пожалил во хотелот дека неговата караван изгорела и дека боледува од рак, што не било вистина.

Тој исто така тврдел дека автомобилскиот клуб ќе ги покрие трошоците, што не се случило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија загуби 486.000 работни места, секторот што ја движеше економијата со децении е тешко погоден

Во август 2024 година, тој го напуштил хотелот без да го плати долгот.

Беше уапсен во март оваа година, но брзо беше ослободен за да се брани од слобода.