Приведен жител на Макреш, убил куче во неговиот кокошарник

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишник од селото Макреш бил приведен вчеравечер под сомнение дека усмртил куче во неговиот кокошарник.

– На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жители на Слупчане и Турција добија кривични за илегален увоз на јод