Општина Куманово дел од проект за поголема транспарентност и спречување корупција

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и Националниот демократски институт (НДИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините кон корупцијата“, кој е финансиран и поддржан од Швајцарската конфедерација и Кралството Шведска.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и вишиот резидентен директор на Национален демократски институт, Роберт Скот Хејзлет.

 

 

На потпишувањето присуствуваа и секретарот на Општината Емилија Сларидис Јаневска и тим лидерот на проектот Дејвид Сип.

Соработката е дел од проектот „Заедници со интегритет“, на кој двете страни веќе работат, а со новиот меморандум ќе се интензивираат активностите насочени кон спречување на корупцијата и подобрување на транспарентноста во локалната самоуправа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен жител на Макреш, убил куче во неговиот кокошарник

 

 

Проектот има за цел да им помогне на општините, министерствата и институциите на централната власт во ефикасна идентификација на ризиците од корупција, како и во зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор за следење на процесите на донесување одлуки и испорака на јавни услуги.

Во рамки на соработката, предвидена е техничка помош за развој на внатрешни механизми и процедури за спречување на корупција, обуки за државни службеници за пријавување коруптивни практики, поддршка за поголема транспарентност преку објавување јавни податоци, како и дигитализација на услугите со цел подобрување на ефикасноста и намалување на ризиците од корупција.

Никола Ивановски