Зошто селото Герман некогаш било познато како село на транзистори?

Сподели со своите пријатели

На падините на планината Герман се наоѓа истоименото, некогаш печалбарско, село Герман.

Loading...

Селото пред околу 60 години имало 140 куќи, расфрлани низ планината. Ѕидарите од ова село биле надалеку познати во целата држава. Трудољубивите селани во многу нешто го измениле ликот на селото, граделе нови куќи, купувале соврмен мебел, модерна облека итн.

Бидејќи селото, поради својата оддалеченост се уште не било електрифицирано, во 1963 и 1964 година, селаните од Герман купиле над 30 транзистори преку кои ги дознавале новините од земјата и странство.

За одбележување било дека пред војната селото немало ниту еден радио – апарат, но затоа во шеесеттите години било познато како „село на транзистори“.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 79 (понеделник, 1. февруари 1965. година)
Image by Detmold from Pixabay

Leave a Reply