Зошто е убиен Украинец кој знаел кога ќе нападнат Русите?

Сподели со своите пријатели

По падот на хеликоптерот и смртта на украинскиот министер за внатрешни работи и неговиот заменик, на површина излегоа многу скриени факти и задкулисни настани во Украина.

Loading...

За да се разбере се што се случуваше по тој трагичен инцидент во последните недели, потребно е да се навратиме на самиот пад на хеликоптерот во кој беа министерот Денис Монастирски и неговиот заменик и државен секретар.

Хеликоптерот се урна минатата среда во Бровари (населба во близина на Киев) и паднал врз градинка.

Загинаа 18 лица: сите што беа во хеликоптерот и две деца.

Пред мистериозната несреќа на леталото, Министерството за внатрешни работи ги откри начините на препродажба на западното оружје од страна на високи припадници на вооружените сили на Украина.

И тоа беше „чкрапалото“ медиумите да почнат да зборуваат за различни верзии на трагичниот настан, причини и завери.

Наводно, припадниците на МВР почнале да бараат удел во тие трансакции, дури биле исплатени и некои транши, а потоа одеднаш се урнал хеликоптерот со полицискиот врв.

До неодамна советникот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Арестович прв почна да ја одвиткува топката.

Loading...

Треба да се потсети дека, откако опстојуваше на својата верзија за настаните со уривањето на зграда во Днипро пред десет дена, на крајот поднесе оставка и се извини.

Арестович всушност го најави овој внатрешен украински конфликт во кој самите актери имаат мало влијание врз исходот.

Руските медиуми забележаа дека Арестович, кој по популарност е веднаш зад Зеленски и началникот на Генералштабот Валериј Залужни, очигледно во овој момент направил намерен чекор за да се огради од актуелната украинска влада.

Украинските медиуми почнаа да зборуваат и за тоа како украинските безбедносни служби се под различни влијанија: воената служба за безбедност наводно е под влијание на Пентагон, а цивилната разузнавачка служба е под патронат на ЦИА.

Во меѓувреме почнаа истраги поради набавка на храна за армијата која се наплаќала два до три, дури седум пати повеќе од реалната цена.

Уапсен е и заменик-министерот за инфраструктура, развој на заедници и територии Василиј Лозински, кој детективите на Антикорупциска го уапсија при примање поткуп од 400.000 долари.

Тој е долгогодишен близок соработник на премиерот Денис Шмигл, кој го донесе во владата.

Сето ова доведува до слабеење на актуелната влада во Киев и на самиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Трагично загинатите полицајци биле блиски соработници на претседателот.

Имено, министерот Монастирски го наследи долгогодишниот началник на полицијата, озлогласениот Арсен Аваков, кого Зеленски долго време се обидуваше да го смени.

А потоа, на крајот на минатата недела, „Волстрит журнал“ ја „оживеа“ приказната за смртта на украинскиот преговарач од почетокот на војната.

Украинското обвинителство покрена истрага за убиството на Денис Киреев, кој беше убиен од припадници на СБУ на 5 март минатата година, по првата рунда преговори со Русите во Белорусија на крајот на февруари.

На почетокот се инсинуирало дека Киреев работел за Русите, но подоцна бил почестен како херој на Украина.

Сега шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) Кирил Буданов во интервју за Радио Слобода (Радио Слободна Европа) потврди дека овој банкар бил нивен доверлив агент и дека бил убиен од припадници на цивилното обезбедување.

Тој рече дека точно знае кој го извршил убиството со куршум во задниот дел од главата на Киреев.

Накратко, Буданов рече дека тогаш главната задача на Киреев во преговорите со Русија, што ги постави ГУР, беше да го одолговлекува процесот за да добие време.

Loading...

„Оној што го уби Киреев сакаше да нѐ спречи да добиеме време“, рече шефот на воената разузнавачка служба, потсетувајќи дека тогаш ситуацијата била „блиску до критична“.

„И имаше голем број луѓе кои, да речеме, навистина не сакаа Украина да победи. Ова е мое лично мислење, повторно потенцирам“, рече Буданов.

Објаснувајќи ја природата на неговиот однос и довербата во „преговарачот“ Киреев, Буданов тврди дека информациите на овој банкар, кој почнал да работи за воената разузнавачка служба пролетта 2021 година, помогнале да се одбрани Киев и дека Зеленски постхумно му го доделил орденот.

На пладне на 23 февруари минатата година, Киреев му дал разузнавачки информации на генералот Буданов дека Владимир Путин штотуку наредил инвазијата да започне на 24 февруари и дека главната точка на напад е аеродромот во Гостомељ.

Во тие неколку часа војниците биле прераспоредени за да се спротивстават на рускиот напад.

По битката со Русите, аеродромот бил оштетен и не можел да се користи од страна на напаѓачите, сведочеше Буданов.

Loading...

По тие информации Киреев беше вклучен во преговарачкиот тим и учествуваше во првата рунда на 28 февруари.

Интересно е и тоа што, според актуелниот шеф на ГУР, тогашниот шеф на цивилната разузнавачка служба, Иван Баканов, кој беше разрешен во јули, „воопшто ништо не можел да објасни“.

Украинските медиуми на 7 март објавија и за смртта на градоначалникот на Гостомел, Јуриј Прилипко, кој им делел леб и лекови на граѓаните, а наводно бил убиен при гранатирање од страна на руските војници. Тогаш беше ранет и градоначалникот на Буце.

Од друга страна, руските медиуми го пренесоа тој настан како украинско убиство на „своите“ кои биле ангажирани во организирање преговори меѓу Русија и Украина.

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, сега објасни дека во раните денови на војната „немаше унифицирана координација“ меѓу агенциите за спроведување на законот.

Loading...

Таа координација очигледно и сега ја нема, ако се земат предвид последните случувања меѓу полицијата и армијата.

Станува збор за пресметка меѓу цивилните и воените структури, која ќе заврши со политичка, а можеби и егзистенцијална жртва на водечките личности.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.