Зошто е толку важно да си легнете во 22 часот!

Сподели со своите пријатели

Порано одење во кревет има позитивно влијание и на телото и на умот.

Loading...

Секој од нас има потреба од квалитетен сон за да го одмори телото и да биде подготвен за секојдневните активности. Порано одење во кревет има позитивно влијание и на телото и на умот.

Најдобро би било да си легнете околу 22 часот, пишува порталот „Брајт сајд“, истакнувајќи дека оваа навика ја практикуваат многу познати ѕвезди, меѓу кои и Опра Винфри и Ана Винтур.

 

 

Квалитетен одмор

Најпрво, најдлабокиот и најмирниот дел од нашиот сон е помеѓу 22 и 2 часот по полноќ, што значи дека ако си легнеме рано, ќе бидеме наспиени и одморени.

Loading...

Исто така, едно истражување покажа дека легнувањето порано помага да се запрат негативните мисли кои ни се движат низ глава навечер и поради кои не можеме да заспиеме.

Телото се враќа во форма

Кога сме во циклус на длабок сон, нашето тело се третира со производство на соматропин – хормон за раст.

Оваа клучна активност ни помага да бидеме во топ форма следниот ден, особено кога станува збор за физички активни луѓе.

 

 

Намален стрес

Loading...

Недоволното спиење може да создаде многу високи нивоа на хормонот на стрес кортизол во телото. Последица е создавање на анксиозност.

Кога добро ќе се одморите и ќе го намалите тоа ниво на кортизол, ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

Подобра контрола над емоциите

Истражувањата покажаа дека луѓето кои спијат доволно се генерално посреќни во животот. Кога ни недостасува квалитетен сон, нашите емоции можат да бидат понестабилни, бидејќи потешко се контролираат.

 

 

Исто така, спиењето порано може да значи и порано будење, што може да биде важно ако сакаме да доловиме повеќе дневна светлина и серотонин – хормонот на среќата за подобрување на расположението, објави порталот „Магазин новости“.

Loading...