Зошто е добро да спиете голи?

Сподели со своите пријатели

Нашето тело поголемиот дел од денот е прекриено со болека, гениталиите се константно во нездраво опкружување, а нивото на љубовни хормони и среќа е низок – голотијата го менува тоа.

Гениталиите „дишат“, а то за нив е многу поздраво отколку да престојуваат во влажно, топло или затворено опкружување (вагината ќе биде помалку подложна на инфекции, а тестисите поладни што го чува здравјето на спермата).

Освен тоа, спиењето без ништо на себе има уште неколку предности. првата  етоа што ќе се чувствувате слободно, а со тоа и ќе спиете подобро. Ништо нема да ве попречува додека се свртувате, ништо нема да ве затега или да ви се залепи за телото.

Исто таа, одењето на спиење целосно голи го намалува стресот во телото, а со тоа и нивото на кортизол. ВО исто време се лачи повеќе окситоцин – познат каок хормон на љубов и среќа.

Foto ProfimediaИ сексуалниот живот ќе ви биде подобар затоа што повеќе нема да има ништо помеѓу вас и вашата кожа и кожата на партнерот, а тоа може да биде доста возбудливо. Кога веќе сме кај тоа, постои научно втемелено мислење според кое нашето тело излачува повеќе окситоцин кога со партнерот се мазиме голи, отколку со облека на себе.

Спиењето без пижами е добро затоа што тогаш температурата на телото е пониска, односно нема дополнителен слој кој го загрева, особено во летниот период,а  истражувања покажуваат дека подобро се спие во поладно опкружување.

И за крај, уште една мала предност – доколку внимавате на домашниот буџет имајте на ум дека ќе имате помалку облека за перење доколку не носите пижами, а со тоа и нешто повеќе пари во џебот.