Зоран Заев: Нема никаков поткуп, случајот е комплетно наместен (видео)

Сподели со своите пријатели

По втор пат е одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ во кое лидерот на опозицијата и градоначалник на Општина Струмица, Зоран Заев е обвинет за примање поткуп во вредност од 200.000 евра за приватизација на земјиште.

Судењето е одложено откако дел од адвокатскиот тим на Заев не се појави поради патување во странство. Во својата изјава лидерот на СДСМ вели дека случајот комплетно месење и тоа и е познато на јавноста.

Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот кој што се обидува да мести поткуп , заедно во организација со обвинителот кој што го прават тоа. Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење. Никако не можеме да дојдеме до наредбите коишто по право го имаме како одбрана да ни бидат доставени и слично. Но секако, во развојот на целиот овој процес јавноста ќе биде секогаш како и досега транспаретно информирана – изјави Заев.

Следното рочиште е презакажано за 21-ви април.