ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ: За една недела нови 425 случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (22.03 – 28.03) се бележи драстично зголемување на бројот на новозаболени, но и починати пациенти од коронавирус во Куманово споредбено со неделата претходно.

Loading...

Вкупно 425 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително зголемување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 259 нови случаи.

Раст бележи и бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 11 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 5 починати лица.

 

 

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во петок, вкупно 94 лица, а најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е недела, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале четворица пациенти.

Во изминатата недела како оздравенисе регистрирани се 141 пациент.

Loading...

Досега оздравени во Куманово се вкупно 5.615 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 234 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 6.666 случаи позитивни на коронавирусот со што е на третото место во државата според бројот на заразени.

 

 

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 817 случаи. Пред Куманово во однос на активни случаи се само Скопје и Прилеп.

Сепак процентот на заразени во Куманово според глава на жител, спроедбено со другите градови во државата е помал, со што Општина Куманово е на 16то место, а претходат и многу помали општини како Богданци, Кочани, Делчево, Ресен, Свети Николе, Берово, Велес, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Штип, Демир Капија, Неготино, Скопје и Кавадарци.

Loading...

Куманово има 4,66 проценти заразено население, додека тој процент во Квадарци кој е рекордер е дури 10,16 отсто.

 

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 126.938 случаи, од кои во моментот се активни 18.907 лица. Излекувани се 104.356, а починати 3.675 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 82,21%, а на смртните случаи 2,9%.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply