ЖРК Куманово утре против Цемс

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре на гостински терен ќе атакуваат на втората победа оваа сезона против составот на Цемс од Скопје.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Тихомир Милошевски“ со почеток во 16:30 часот.

Во претходните два натпревари Куманово забележа еден нерешен резултат и една победа со што моментално се наоѓа на третата позиција во табелата со 4 бода, исто колку и ЖРК Вардар кои се на втората позиција. Со два поени им бега составот на Металург кој моментално е на врвот.

Leave a Reply