ЖРК Куманово рутински го победи составот на Приштина

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово оствари победа над составот на ЖРК Приштина со резултат 44:24, во рамките на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во главниот град на Косово.

Одличен старт имаше составот на Куманово кој ја испроба екипата која е засилена во пресрет на сезоната која следува во Женската прва ракометна лига на Македонија, но и настапот на ЕХФ Челинџ Купот.

Уште по првото полувреме избраничките на тренерот Зоран Јосимовски беа убедени дека ќе го добијат натпреварот, откако направија водство со резултат 9:23.

Вториот дел од средбата го одиграа во релаксирачка игра, но и натаму задржуваа енормно висока предност пред противникот од Косово и го добија пријателскиот меч со разлика од 20 поени.

Најефикасна кај Куманово со 10 реализирани погодоци беше Мила Трајковиќ, а блесна и новото засилување Диана Димова која имаше неколку асистенции и пет голови.

Во составот на ЖРК Приштина најефикасна беше Хашани со шест реализирани погодоци.

Инаку, ова е осми пријателски натпревар за составот на Куманово во рамките на подготовките за новата сезона.

Leave a Reply