ЖРК Куманово поразен од Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово бележат пораз во рамките на 24.коло од женската ракометна лига откако на домашен терен вчера беа совладани од составот на ЖРК Вардар со резултат 24:48.

Шампион во Македонија, но и главен фаворит на Фајнл фор турнирот очекувано го совлада составот на Куманово кој и онака ослабнат поради повреди на некоку ракометарки, немаше сили да се спротивстави.

Куманово преку Мила Трајковиќ тргна во напад и направи водство над Вардар, меѓутоа само за момент гостинскиот тим поведе, откако направи серија од 8:0.

Ваквата разлика беше тешко да се следи со оглед на темпото кое го диктираа вардарки во текот на цеиот меч. До крајот на средбата кумановки играа добро, но сепак не доволно за да направи изненадување над вицепрвакот во Европа.

Варадарки настапија без своите странски адути. Играа само со Македонки и две интернационални од Русија и една од Србија.

Во составот на Куманово најефикасна бешеТамара Ивановска со седум голови, пет впиша капитенот Викторија Пеовска, а по четири Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска и Габриела Костадиновска.

Кај гостинскиот состав најфикасна со 11 гола беше Теодора Керамичиева, а со девет Леонида Гичевска.

Следниот натпревар кумановки го играат веќе во петок во рамките на ракометниот куп кога на домашен терен го пречекуваат составот на Вардар Јуниор, додека кадетките утре играат против составот на Вардар.

Leave a Reply