ЖРК Куманово од утре го продолжува освојувачкиот поход до титула

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово со мечот против Деспина на домашен терен утре го започнуваат вториот дел од сезоната.

Loading...

Претстои тежок, но и интересен дел од полусезоната во кој кумановки предводени од старо-новиот тренер Ненад Краљевски ќе треба да го задржат лидерското место во табелата и да го кренат пехарот кон крајот на пролетта.

Во мечот против Деспина влегуваат како апсолутни фаворити, по напорните подготовки кои ги имаа во изминатиот период.

Мечот се игра пред домашна публика утре со почеток во 18:30 часот.

Leave a Reply