ЖРК Куманово лесно против Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово со резултат 34:26 лесно го добија натпреварот против Пелистер кој викендов го одиграа на домашен терен.

Loading...

Добар почеток имаа кумановки во овој втор натпревар оваа сезона што го покажа и резултатот веќе на самото полувреме кога имаа водство со 15:9.

Вториот дел од средбата Куманово цело време ја одржуваше разликата која ја „набилда“ во првото полувреме па мечот го заврши со победа и впиша нови поени во табелата.

Дури 10 погодоци реализираше Јована Кипријановска која беше најефикасна во составот на ЖРК Куманово. Зад неа со 5 голови се Наташа Нолевска и Амела Џакмич.

Во составот на Пелистер најефикасна со седум голови мечот го заврши Моника Босиловска.

Никола Ивановски / фото: архива