ЖРК Куманово ја победија репрезентацијата на Чиле во пријателски натпревар

Сподели со своите пријатели

Во пријателски натпревар ракометарките на Куманово го совладаа составот на репрезентацијата на Чиле.

Loading...

Избраничките на тренерскиот тандем Александар Бојковски и Сашо Божиновски беа одлични и во нападот и во одбраната во текот на целиот натпревар.

Во завршниот дел од мечот шанса добија и сите  расположливи ракометарки, а мечот заврши со 28:24 (17:12).

Следниот натпревар со репрезентацијата на Чиле е закажан во недела 23.08.2021 година во 16:30 часот во салата Јане Сандански во Скопје.

Никола Ивановски