ЖРК Куманово есенски шампион во домашната лига

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се есенски шампиони во домашната Женска ракометна лига, откако и денеска прикажаа убедлива игра и освоија нови поени.

Loading...

Со резултат 25:34 кумановки го совладаа составот на Стружанка, со што ја зацврстија првата позиција во табелата на овој дел од натпреварувањата.

Избраничките на тренерот Ненад Краљевски уште во самиот старт од натпреварот имаа одлична игра, па беа во постојана предност.

Од сите одиграни натпревари од почетокот на сезоната по 12 одиграни меча не бележи пораз и станува главен фаворит да ја понесе титулата на крајот на првенството.

Никола Ивановски

Leave a Reply