„Житомел“ повторно во пламен: Три пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Меѓу трите пожари кои се регистрирани изминатите 24 часа е и пожар во една од просториите на напуштената управна зграда на компанијата „Житомел“ лоцирана на улицата „Тодор Велков“. Пожарот бил пријавен во 12:33 часот по што петмина пожарни со едно противпожарно возило излегле на терен и огнот го локализирале во 13:55 часот.

Една од интервенциите била на опоажен оџак на станбена зграда лоциран на улица „Лесковачка“ кој избувнал вчера околу 9:00 часот. Како што информираат од РЦУК, пожарот бил локализиран во 10:10 часот откако на терен интервенирале двајца пожарникари со едено возило.

Третата интервенција на вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово била на опожарен контејнер со смет лоциран на улицата „11 Октомври“. Двацја пожарникари излегле на терен во 10:45 часот по што огнот го изгаснале за 15 минути.

Засега не се познати причините за избувнување на пожарите, ниту пак висината на материјалната штета.