Жители на село Зубовце осомничени за бесправна сеча вредна илјада евра

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(49) и М.Д.(45) двајцата од селото Зубовце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените во текот на месец мај 2016 година во атарот на селото Зубовце од имот сопственост на оштетената В.М. бесправно исекле 10м3 огревно дрво предизвикувајќи материјална штета од 60.000 денари.