Жител на Куманово повреден во сообраќајка во Скопје

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен жител на Куманово бил повреден во сообраќајна незгода што вчера се случила во Скопје.

Loading...

– На 25.04.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило Н.П.(33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply