Жител на Албанија приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 21,30 часот на Граничен премин Табановце на излез од Република Македонија, при пасошка контрола на Т.Р.(49) од Албанија, со албанска патна исправа констатирано е дека патната исправа е фалсификувана односно намерно е оштетена една страница со тоа што бил залепен дел од друга патна исправа.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply