Жените некогаш биле пописмени и пообразовани

Сподели со своите пријатели

Откритието на благороден камен на заби на илјада години стар женски костур докажува дека жените биле многу повклучени во изработката на средновековните ракописи од што се мислело, објаснуваат историчарите.

Loading...

Трагите на синиот средновековен пигмент за сликање, се откриени на забните наслаги на жена погребана помеѓу 1000 и 1200 година, се наведува во студија на германскиот институт Макс Планк и британскиот универзитет во Јорк.

Костурот е ископан на гробишта во Далхајм, Германија.

Научниците тврдат дека тоа се противречи на врежаното мислење дека жените во средниот век немале скоро никаква улога во „производство“ на литературата, која тогаш обично се одвивала во религиски институции.

Историчарката Кристина Варинер од Институтот Макс Планк тврди дека ова откритие како ниту едено претходно покажува дека жените во тој период биле пообразовани и пописмени отколку што се мислело.

– Возбудена сум што нашата студија покажува дека со помош на археологијата можеме да откриеме загубени информации за улогата на жената во историјата, рекла Варинер.

Научниците кои го проучувале костурот заклучиле дека жената која имала измеѓу 45 и 60 години во моментот на срмтта, била сликарка.

Се смета дека била дел од група од 14 жени кои живееле самостојно и веруавле дека биле припаднички на побогатите, пообразовани класи.

Loading...

– Тука имаме директен доказ дека жената сликала и тоа користејжи многу ретки и скапи пигменти. Тоа ме анведува на прашањето колку уште уметнички можат да се пронајдат на гробиштата, само кога би ги побарале, рекла Варинер.

Leave a Reply