Жена во Франција на силувач му одгризала јазик и го предала на полицијата како доказ

Сподели со своите пријатели

Жена од Франција (57) една вечер станала жртва на сексуален напад. Но, таа не му останала должна на напаѓачот, па за време на борбата му го одгризала јазикот, а потоа како доказ ѝ го предала на полицијата.

Loading...

На 19 февруари, околу четири часот наутро, таа го шетала своето куче во Авињон, Франција, кога еден маж почнал да ја следи.

Тогаш тој наводно ѝ пришол, се обидел да ја прегрне и бакне, притоа бутнувајќи и ја раката во нејзините панталони.

Меѓу двајцата настанала борба, при што жената му го одгризала јазикот на напаѓачот и побегнала дома.

Потоа, во придружба на нејзиниот син, донела парче јазик во локалната полициска станица.

Полицијата набрзо уапсила маж од Тунис кој илегално живее во Франција. Тој наводно тврдел дека жената го нападнала.

Ќе следи неговото судење и тој мора да ја напушти Франција, пишува France Bleu.