Желка е причина за одложување на пет лета на јапонска авиокомпанија

Сподели со своите пријатели

Желка која се движела по асфалтираната писта одложила пет лета на меѓународниот аеродром Нарита во близина на Токио

Loading...

Еден пилот го забележал непосредно пред полетување, па контролата на летање наложи пауза на сите летови, пишува Index.hr.

Вработените во аеродромот ја фатиле желката и ја прегледале  пистата долга 4.000 метри, што довело  до дополнителни одложувања на летот.

 

 

Иронично, меѓу авионите што биле запрени поради желката , е Ербас А380 на Ал Нипон Ервејс, кој требал да лета за Окинава, и кој е украсен со сини морски желки како дел од неодамнешната кампања.

Станува збор за црена желка, вид кој потекнува од Северна Америка, а во Јапонија се смета за инвазивен. Еден експерт за животни сугерира дека таа најверојатно влетала од блиското езерце, околу 100 метри од пистата каде што била пронајдена.

Loading...

Желките на пистата се реткост во споредба со бездомните мачки и кучиња.

„Се смета дека морските желки носат среќа на Хаваите, па се надеваме дека оваа, која дојде да го напушти летот, е знак за светла иднина“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=NBbjVwF6cTk&feature=emb_title