Зголемено присуство на нитрати во селските чешми во кумановските Горно Коњаре и Табановце

Сподели со своите пријатели

Во јули и август, информираат од Центарот за јавно здравје извршени се анализи на земените мостри од локалните водоводи во  селата Горно КојнареТабановце, Сопот, Костурник, Романовце, Агино село, во Старо Нагоричане и Драгоманце во општина Старо Нагоричане и во Матечје, Виштица, Ропаљце, Виштица и Оразаре во Липково и од двата чепа на чешмата од минералната вода во Проевце.

Водата за пиење од ЈП “Водовод” е исправна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје. Досегашните анализи кои ги спроведуваат Центарот, интерната лабараторија на претпријатието и Институтот за јавно здавје Скопје, покажуваат дека микробиолошкиот и хемискиот квалитет на водата се исправни.

-Освен редовни анализи, согласно законската регулатива, се спроведуваат и дополнителни испитувања, така што не постои можност неисправна вода да протече низ цевководот, објаснува доктор Мимоза Величковски, специјалист по хигиена, од Центарот за јавно здравје.

Leave a Reply