Зголемени безбедносни мерки во Москва

Сподели со своите пријатели

Зголемен број припадници на полицијата и армијата денеска може да се забележат на улиците на Москва, по синоќешниот терористички напад, а се вршат случајни проверки, особено на фреквентни места, јавува репортерот на Танјуга од местото на настанот.

Loading...

Најмалку 115 лица загинаа, а 145 се ранети во терористичкиот напад што синоќа се случи во Москва во концертната сала „Крокус сити хол“, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Причината за смртта биле главно прострелни рани, но многумина починале од изгореници и вдишување чад.

На улиците на руската престолнина од утрово се забележани засилени мерки за безбедност и контрола, особено на фреквентни места.

Граѓаните низ Москва чекаат пред медицинските установи да даруваат крв и да им помогнат на ранетите.

Многу билборди емитуваат порака со датумот на нападот заедно со фотографија од запалена свеќа.

Пристапот до трговскиот центар во кој е вклучена и концертната сала „Крокус сити хол“ од синоќа е блокиран, а на неколку стотини метри од зградата на места граѓаните оставиле букети цвеќе.

Армијата, полицијата и пожарникарите се уште ги санираат последиците и ги идентификуваат жртвите, а засега е познат идентитетот на 37 лица.

Loading...

Просторот околу трговскиот центар го надгледуваат стражари со автоматски пушки.

Во тек се балистички, генетски и дактилоскопски анализи.

Целосно изгоре покривот на зградата, односно 15-тиот кат каде што требаше да се одржи концертот.

Во акциите беа вклучени 719 офицери и 213 технички единици.

Поради војната во Украина сите трговски центри и јавни места се под засилена контрола, па за московјаните е несфатливо дека дошло до таков превид.

11 лица, меѓу кои четворица терористи, се приведени во близина на руско-украинската граница, соопшти Федералната служба за безбедност. Нападот го осудија многу светски лидери.

Интерпол објави дека организацијата е подготвена да помогне во истрагата за терористичкиот напад.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава, но официјална Москва не го коментираше ова.

Loading...