Зголемен обем на работа и новитети во ЈП „Чистота и зеленило“

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ бележи зголеме обем на работа поради зголемената фрекфенција на луѓето во градот, но и враќањето на иселениците во текот на летниот период.

Како што информираше денеска директорот Даниел Стојчевски, најголем проблем се јавува кај градежниот шут кој граѓаните го фрлаат во контејнерите, а кој потоа ја оштетува механизацијата на камионите за собирање смет.

– Најголем проблем се појавува поради зголемен обем на работа во домаќинствата, односно во градежните активности на граѓаните, па наидуваме на одредени проблеми, каде шутот кој што го работат граѓаните во своите домаќинства постојано го изнесуваат во нашите контејнери и садови за смет и тука наидуваме на проблеми бидејќи не можеме да го изнесеме тој смет. Меѓутоа, во континуитет се трудиме тоа да го решиме, изјави Стојчевски.

Тој апелираше граѓаните во случај да имаат градежен шут да пријават во претпријатието со цел истиот да биде изнесен со друг тип на возила за да не дојде до оштетување на механизацијата која секојдневно треба да работи на воспоставување хигиена во градот.

– Дополнителен проблем во овој период од годината е сечењето на гранките, на зелените површини, каде граѓаните непрописно ги фрлаат во контејнерите и наидуваме на проблеми. Се трудиме со нашите екипи, сега за сега работата се одвива во најдобар ред и немаме некои поголеми проблеми. Она што го имаме воведено како новина Јавното претпријатие има воведено систем за перење на камионите на самата депонија, а ќе почнеме и постапка за носење на контејнерите да ги переме на самата депонија за да не се создава дополнителна смрдеа низ градот, додава Стојчевски.

Меѓу новините ја јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е и системот за мерење на количина на смет, при што секој камион мери количина на соберен смет, со цел да се направи статистика колкав смет се изнесува во текот на годината.

Како што посочи Стојчевски, од неговото поставување на менаџерската функција во изминатите два месеци направени се подобрувања, но треба да се работи уште многу.

– Ќе мора да работиме и на подобрување на опремата, ќе мора да работиме и на подобрување и зголемување на човечките ресурси, но она што е најважно е дека ќе мораме да работиме и кај свеста на граѓаните, ќе мора во наредниот период да започнеме со маркетинг и промотивни материјали каде ќе ја подигнеме свеста на граѓаните за да укажеме како треба да се однесуваме на начинот и постапката за исфрлање на сметот, за да имаме чиста и здрава животна средина во која сите живееме, посочи Стојчевски.

Според директорот, неодамна чистената депонија при влезот во наслебата Перо Чичо повторно е во незавидна состојба и ќе се вложат максимални напори истата на секој можен начин да биде исчистена. Се работи и на план како да се блокира пристапот до истата со поголеми возила, за да граѓаните не истовараат смет на таа локација.

Leave a Reply