Земјотресот во Турција урна минаре од џамија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот земјотрес во Истанбул се урна минаре на џамива во дистриктот Авцилар, пренесува агенцијата Анадолија.

Loading...

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во Мраморното море во близина на истанбулската област Силиври и на длабочина од седум километри.

Кабинетот на гувернерот на Истанбул соопшти дека АФАД и другите релевантни служби досега немаат добиено никакви извештаи за големи штети.

Во соопштението се вели дека сите служби се подготвени.

Новинарката на Анадолија објави дека минаре на џамија во областа Авилар се срушила за време на потрес.

Земјотрес беше почувствуван низ Босфор, при што бројни граѓани ги напуштија зградите и ги евакуираа учениците од повеќе училишта.

И во вторникот, истиот југозападен Истанбулски регион беше погоден од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Leave a Reply