Димитриевски: Очекувам да победи демократијата, осудувам бојкоти (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Очекување да победи демократијата и осуда на тивкиот бојкот на претседателските избори од ДУИ, ова беше пораката што денеска ја упати кумановскиот градоначалник и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија по остварување на своето гласачко право.

Loading...

 

 

Во друштво на својата сопруга Надица, Димитриевски гласаше на денешните двојни избори во училиштето „11 Октомври“.

 

 

Loading...

– Македонскиот народ го повикувам да покаже капацитет како многупати досега масовно да излезе на избори, да избере претседател, да го дефинира идниот состав на парламентот на сите граѓани на Македонија. Им посакувам успех однапред на тој што ќе ја добие граѓанската поддршка, а за Македонија најбитно е сепак граѓаните по овие избори да бидат обединети и да имаат достоинствени претставници кои ќе се водат од народната волја, а не од личен или партиски аспект. Очекувам да победи демократијата, Македонија многупати знаела во клучните моменти да одлучи, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анастасија Арсовска од Куманово е државен првак во тенис

 

 

Како што рече околу пладне, гласањето се одвива мирно, што значи дека се можни големи изненадувања.

Запрашан да коментира тивкиот бојкот на претседателските избори од страна на ДУИ, тој упати осуда.

– Искрено осудувам бојкоти, тоа се видени сценарија што не носат добро на Македонија, најважно е Македонија да има политичка стабилност, не ни е потребна дополнителна дестабилизација на политичко ниво. Народот и граѓаните се веќе определени и никој не може да ја смени нивната волја, факт е дека на овие избори се дефинираа и нови политички опции и очекувам дека тоа денеска ќе биде потврдено со дополнителна поткрепа на третата политичка сила, порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анастасија Арсовска од Куманово е државен првак во тенис

 

Loading...

Никола Ивановски