Земјотрес во Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југозападниот дел на Велика Британија, соопшти Британскиот институт за геолошки истражување.

Според експертите, ова е најсилен земјотрес регистриран во Велика Британија во последниве неколку децении.

Епицентарот на потресот бил на 20 километри северно од велшкиот град Свонси, а тој се почуствувал во Велс и во југозападните делови на Англија.

Земјотресот предизвикал паника кај населението, а регистрирани се оштетувања на неколку згради и бил предизвикан времен прекин на снадувањето со електрична енергија.

Жители на реоните во кои е почуствуван потресот во изјави за британските медиуми земјотресот го опишаа како „голема експлозија“. /МИА

Leave a Reply